| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту злато ниту сребро, ова е четвртиот олимписки медал кој се доделува многу ретко

cetvrt medal

Секој би помислил дека освојувањето златен, сребрен или бронзен медал на Олимписките игри е големо достигнување за секој спортист. Меѓутоа, не е многу познато дека може да се освои и посебен, четврт тип на олимписки медал.

Најголемо достигнување е да го добиете реткиот олимписки медал кој е именуван по основачот на модерната Олимпијада, Пјер де Кубертен. Станува збор за награда која ја добиваат оние ретки спортисти кои имаат исклучителни достигнувања на Олимипските игри и покажале неверојатно силен спортски дух.

Интернационалниот олимписки комитет има доделено само дузина од овие медали кои се сметаат за најпрестижната награда која можете да ја добиете на Олимпијадата.

Меѓу тие луѓе кои ја освоиле оваа награда е и Вандерлеј де Лима, бразилскиот маратонец кој го изгуби водството во 2004 година во Атина, но кога верен гледач го инспирираше да продолжи понатаму, тој заврши како трет.

GettyImages-513183114

– Бронзен е, ама за мене е златен – изјави тогаш Лима.

Уште еден човек кој има освоено ваква награда е Луз Лонг, германскиот олимписки натпреварувач во долг скок, кој несебично кажувајќи му на Џеси Овенс (негов конкурент) каде да ја стави ногата за долг скок, му освои злато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top