| четврток, 6 декември 2018 |

Европратеник: Сo свински глави против мигрантите

Унгарската влада е под силна критика заради цврстиот став кон бегалците, а неодамна на социјалните мрежи се објавени фотографии со страшила на границата кои би требало да ги одвратат мигрантите, пренесува британскиот Индепендент.

Унгарскиот европратеник Ѓерѓ Шофлин предложи на границата да се постават свински глави кои би требало да ги одвратат мигрантите од обид за влез во Унгарија.

Одговарајќи на критиките, членот на десничарската артија Фидес, преку Твитер порача дека „Прикажувањето на човечки лица е забрането во Исламот. Свинските глави поефикасно би ги одбиле“.

Odvracanje-migranata-1

Штрелајн: „Бегалците бегат од војна и мачења, Унгаријо. Твоите зеленчукови глави нема да ги одвратат“

Ендру Штрелајн од Хјуман Рајтс Воч на тоа му одговори „Вашите зборови се одвратни. Такво нешто би очекувал од некои анонимни неонацистички тролови, но вие сте Европратеник, па однесувајте се така“.

Унгарија на своите граници постави огради за да се спречи илегалното минување на мигрантите, а од 177,135 барања за азил во 2015 година, одобрени се само 146, покажува статитстиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top