| четврток, 6 декември 2018 |

Излетал од коловозот и починал на самото место: Како загина младиот мотоциклист кај Демир Капија

kosta s.

По извршениот увид, полицијата го потврди идентитетот и информира дека 25-годишниот Коста С. од Кавадарци вчера управувајќи мотор „хонда“ загубил контрола, излетал од коловозот и починал на самото место.

Младото момче вчера беше пријавено за исчезнато. Неговото тело утринава околу 5.40 часот беше пронајдено на местото Прждевски споменик во близина на патот Демир Капија – Неготино.

На социјалните мрежи вчера се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата на истите, Коста последен пат бил виден на собир со мотори, од каде што заминал со моторот, по што му се губи трагата. Негови пријатели и блиски се организирале и го пребарувале теренот речиси 10 часа, по што момчето беше пронајдено починато.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top