| четврток, 6 декември 2018 |

Холивудска актeрка вљубена во Путин?

По раскинувањето на врската со своето руско момче, Линдзи Лохан, доби понуда да гостува во Руски ТВ.

Актерката е подготвена да ја прифати понудата сè додека организаторите на шоуто се подготвени да исполнат неколку „скромни“ барања од нејзиниот список на желби.

Таа побара приватен авион, обезбедување, 1 година руска виза, 500 илјади фунти, шминка, фризер и маникир во самиот авион и апартман во луксузен хотел.

Но, тоа не е сè. Листата на Лохан завршува со едно мега барање. Таа сака да се запознае со рускиот претседател Владимир Путин и да се фотографира со него.

Интерни извори на ТМЗ дознаваат дека преговорите се во тек и дека некои од барањата веќе се исполнети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top