| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел, Оланд и Ренци денес ќе разговараат за иднината на ЕУ по Брегзит

merkel oland

Лидерите на Германија, Италија и Франција денеска ќе имаат средба на островот Вентетоне, крај Неапол, на која ќе ја разгледаат ситуацијата во Европската Унија по Брегзит. Италијанскиот премиер Матео Ренци избра да им биде домаќин на германскиот канцелар Ангела Меркел и на францускиот претседател Франсоа Оланд на островот каде за време на Втората светска војна двајца италијански интелектуалци го изготвиле манифестот за политичкото обединување на Европа.

Ова е втората средба на лидерите на трите водечки економии во еврозоната, откако Британците гласаа за излегување од ЕУ.

– Тие ќе дојдат да ја разгледаме можноста како Европа повтроно да ја лансираме од дното, изјави вчера Ренци.

– Понеделник има за цел да го покаже единството на трите најголеми земји во Европа, а не да создава некаков специјален клуб, изјави дипломатски извор во Париз, цитиран од британските медиуми.

Според него, Меркел, Ренци и Оланд ќе имаат за цел само да ја создадат базата за претстојниот самит на ЕУ во Братислава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top