Неда Украден синоќа настапуваше во Вир, Хрватска каде во 22 часот и 20 минути било јавени дека има поставена бомба. Иако направи одлична атмосфера пред околу осум илјади луѓе, Неда беше принудена со својот бенд да се повлече од сцената.
Полицијата веднаш го прегледа местото, но не пронашла ништо. И покрај тоа, како што пренесуваат хрватските медиуми, Неда поради претпазливост не се вратила на сцената, а порачала дека наскоро повторно ќе се врати во Вир.
– Не се исплашив! Сето тоа е дел од лошиот политички фолклор. Можеби поради тензиите кои постојат, просторот на сцената не можел порано да се обезбеди, но во вакви ситуации никогаш не знаеш што може да се случи. Имаше многу деца, рекла Неда за хрватскиот весник „Задарски.хр“.
– Им се заблагодарувам на сите на покажаната љубов, бидејќи Вир е прекрасно место, а домаќините и организаторите се вредни луѓе и љубезни домаќини. Јас секогаш се враќам во Вир, бидејќи го обожавам. Ништо не може да ме скара со Вир и да го расипе нашиот однос и љубов, додала пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст