Францускиот дипломат Станислас Хуберт, кој е одговорен за европската соработка во амбасадата, испокршил шест автомобили во центарот на хрватската престолнина Загреб. Тој возел пијан кога прво удрил три автомобили, по што се извртел, па удрил уште еден, тргнал во спротивна насока и удрил уште две возила.
При пристигнувањето на полицијата Хуберт, веднаш ги предал клучевите од колата, но не можел самиот да се движи, бидејќи бил многу пијан. Францускиот дипломат не бил подложен на алко тест, бидејќи има дипломатски имунитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.