Кој друг, ако не најженскиот од сите женски списанија, „Космополитен“ ја состави оваа листа на љубовни лекции кои може да се научат од познатите романтични филмови.
1. Секс и градот (Sex and The City)
Откако Ѕверката ќе ја остави пред олтарот, Кери го посветува времето само на себе. Не потценувајтете го времето, бидејќи тоа може да ви помогне да разберете што е она што навистина сакате и заслужувате.
2. Лудa Глупава Љубов (Crazy, Stupid, Love)
И после долга врска или брак, не престанувајте да се освојувате еден со друг. Кога и да најдете време, излегувајте заедно и забавувајте се, исто како на почетокот.
3. Кој е вашиот број? (What’s Your Number?)
Лекцијата научена – вистинскиот човек е во твојата иднина, а не во минатото. Да беше добро, се уште ќе бевте заедно, нели?
4. Еден ден (One Day)
Секоја врска има свои „тајминг” – на некои им треба еден ден, на некои месец или година, на некои 10, за да одлучат за тој „чекор повеќе“. Важно е да не се заморуваш со тоа што прават другите околу вас.
5. Руби Спаркс (Ruby Sparks)
Не се обидувајте да го промените вашиот партнер, бидејќи никој не е совршен. Многу поверојатно е дека ќе постигнете само контра-ефект.
6. Појадок кај Тифани (Breakfast at Tiffany’s)
Кој никогаш не бил повреден или разочаран? Но, Одри Хепберн е доказ дека понекогаш треба да се прескокнат ѕидовите кои ги градиме околу нас за да ја доживееме вистинска љубов.
7. The Notebook
Сите се сеќаваме дека Ели на почетокот ја одби љубовта на својот живот, но сепак потоа одлучи да му даде шанса. Тоа што со некој не ти летаат искри на прв поглед, не значи дека мораш одма да расчистиш.
8. Љубов всушност (Love Actually)
Љубовта навистина може да се случи во секое време.
9. Тој едноставно не е заљубен во тебе (He’s Just Not That Into You)
Понекогаш излегува дека вистинската љубов цело време ви била пред очите, но сте успеале да ја препознаете.
10. Петгодишната веридба ( The Five-Year Engagement)
Во филмот, актерите постојано го одложуваат брак се додека не ги решат сите проблеми. Дури и ако земете пауза еден од друг, не е крајот на светот, туку нормална работа што може да се случи секому. Важно е на крајот сепак да ги решите проблемите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.