Машкиот мозок после секс функционира сосема поинаку од женскиот.
Во американските филмови и серии после водењето љубов секогаш следува долго гледање во очи и „длабоки“ разговори до доцна во ноќта. Во вистинскиот живот, жените ги сакаат овие разговори, но тоа често завршува сосема поинаку. На повеќето мажи по уживањето и „акцијата”, овој разговор им оди неописливо многу на нерви.
Двете работи кои прво им доаѓаат на ум се вртење на другата страна и спиење или телевизија. Третата опција е да се оди кон фрижидерот. И постојат научни докази за тоа зошто е тоа така.
Поточно, делот од мозокот кој се користи за размислување кај мажите едноставно се „исклучува” после сексот. Тогаш се вклучуваат други компоненти, кои ја деактивираат сексуалната желба и сите други активности кои бараат било каков напор. За целиот процес придонесуваат и окситоцин и серотонин, со чие испуштање се предизвикува многу побрзо заспивање.
Така што, не ги обвинувајте премногу за индиферентноста по достигнувањето на врвот. Така одлучила природата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.