Домашната репрезентација на Бразил и репрезентацијата на Италија утре ќе играат во финалето на одбојкарскиот турнир на Олимписките игри во Рио.
Бразилците лесно ги совладаа Русите во полуфиналето со 3-0 во сетови (25:21, 25:20 и 25:17).
Во првото полуфинале Италија во пет сета ги победи САД, кои со руските одбојкари ќе се борат за бронзата.
Попладне од 18 часот е натпреварот за третото место во женска конкуренција меѓу САД и Холандија.
Финалисти кај одбојкарките се Кина и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.