Краткотрајно но интензивно невреме го зафати регионот на Кичево, по што делови од градот, меѓу кои и магистралниот пат кон Охрид бил делумно под вода.
Полицијата навремено реагирала со пренасочување на возилата, јавуваат од Кичево за Република. Екипите на терен интензивно работат за магистралата повторно да биде проодна.
Според очевидци, дождот престанал, а водата почнала да се повлекува. Сепак неколку возила се нашле заглавени во близина на гимназијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.