| четврток, 6 декември 2018 |

Акција со чамци за спасување по одроните кај Бајина Башта

Во тек е акција за спасување на патници на патот Бајина Башта кои останаа заглавени заради одроните по големото невреме. Акцијата се одвива со два полициски чамци кои треба да ги пренесат најмалку 30 патници меѓу кои има и деца. Одрони го пресекоа патот на две места, со што делница од 27 километри остана отсечена, додека трае расчистувањето на наносите.

– Со помош на полицијата организираме акција за спасување на луѓето од автомобилите и со чамци да ги пренесеме преку Дрина, односно преку езеро, бидејќи друга спасуивачка акција е невозможна- посочуваа од локалната власт.

Додаваат дека луѓето се плашат да нема затрупани автомобили под лавината.

Одроните се повторија на местата каде пред неколку години снежна лавина однесе човек во заледената Дрина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top