| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во Ербеле, Долни Дебар, го одбележаа празникот Преображение

Македонците  во селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар (Пешкопеја), кое се наоѓа во близина на албанско македнската граница кај Дебар, во црквата „Св. Преображение“,го одблежаа денешниот голем христијански празник Преображение.

На одбележувањето на празникот присуствуваа Македонци по потекло од Ербеле и Горно Крчишта, кои денес живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Долно Крчиште, Пешкопеја, како и во Македонија.

Меѓу присутните беа и преставници на Македонско друштво “Илинден“.

Како што тоа било со векови, спроти празникот, во оваа црква доаѓаат не само православни, туку и муслимани. Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Според жители на ова село голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест.

Црквата „ Св.Преображение“ потекнува од дванаесеттиот век,рушена но повторо обновувана. Во 1973 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top