| четврток, 6 декември 2018 |

Вработени во Македонски железници шверцувале бегалци

Вчера попладне кај железничката станица во село Дуброво, воз принудно запрел поради затворен сигнал кај железничка станица во Неготино.

Токму тогаш, полициски службеници забележале двајца бегалци како скокнаат од возот и истите набрзо биле фатени.

Во истрагата е откриено дека тие се M.A. (20) и M.Н. (20), двајцата од Сирија. Товарниот воз бил управуван од З.М. (51) од Скопје и Ѓ.Г. (53) од Скопје. Во истрагата е дознаено дека бегалците се договориле со машиновозачот да ги качи во возот за пари и поклон мобилен телефон.

Истиот ден на околу еден километар пред село Долни Балван во камион се пронајдени 40 бегалци од Сирија, меѓу кои повеќето биле деца. Тие уште вчера се пренесни во кампот кај Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top