Смртта на Мира Ступица, големо име на српското и југословенско актерство ги разжалости нејзините колеги кои споделуваат емотивни пораки.
Мира Бањац како млада актерка ја гледала Ступица како актерски пример. Последните пари ги давала за да допатува во Белград, а и денеска го памети нејзиниот глас кој што и ја будел желбата за театарот. Денеска е скршена од болка.
-Оваа тага не се опишува, почина најголемата актерка на овие простори, не можам да си дојдам при себе од тага и болка- вели Бањац.
-Јас бев голем „крадец“, крадев од другите, паметните. треба да се учи од тие луѓе. Последните пари ги давав за да допатувам во Белград во Југословенскиот драмски театар да ја гледам големата Мира Ступица. Еден ден ја видов како на плоштадот минуваат таа, Марија Црнобори, Плеша и си помислив „јас никогаш нема да прејдам на таа страна. Тогаш засекогаш ми се врежа во сеќавање специфичниот глас на Мира која во мене будеше цел театар. Подоцна се сретнавме во „Атеље“ и станавме пријателки. Премиера, јас стојам зад кулисите, чекам да излезам на сцена. И тогаш го слушнав тој глас, гласот од мојата младост кој ме допре. Одеднаш почнаа да ми се тресат нозете… За тие моменти се живее“- раскажува Мира Бањац во едно интервју.
Тие двете одиграа многубројни заеднички претстави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.