| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралот“ Џејмс жали што не е со другарите од репрезентацијата во Рио

lebron dzejms

Ја освои првата шампионска титула со Кливленд, па зеде заслужен одмор и од националниот тим. Леброн Џејмс ги бодри своите колеги од репрезентацијата на САД која стигна до полуфиналето на Летните Олимписки игри од удобноста на својот дом, нешто за што изрази жалење.

– Секојпат кога ги гледам кошаркарите од националниот тим ми е жал зашто не сум во Рио. Не сум се откажал од играње за репрезентацијата на САД, но едноставно сакав да одморам ова лето. Вратата на националниот тим за мене сè уште е широко отворена – истакна Џејмс.

Кошаркарите на САД ја елиминираа Аргентина и си закажаа полуфинална пресметка со европскиот шампион Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top