| четврток, 6 декември 2018 |

Свадбата на векот ќе се следи во живо: Душан ќе ја жени Алиса со седум диџеи

svadba

Терминот свадба на векот доби сосема ново значење, благодарение на Душан и Алиса од југот на Србија, кои во рамки на организацијата на својата свадбена веселба покренаа сајт со намера гостите да ги информираат за сатницата  и сите детали поврзани за нивниот најважен ден.

Вакво гламурозно венчавање Србија нема видено, а во корист на тоа говори информацијата дека младенците за своите 600 гости подготвуваат 3 бини, диџеј, седум изведувачи, избор на најубава торта, па дури и следење во живо на цеременијата за оние кои нема да присуствуваат.

svadba2

sva

На интернет страната на младенците сватовите се известени дека церемонијата ќе почне во еден ресторан во Ниш на 3 септември во 18 часот и дека ќе трае до 4 часот наутро.

svadba5

-Дами и господа, покажете како некогаш се идело на свадбена веселба. Бараме најдобра торта во рамки на натпреварот за Прва домаќинка на свадбата на векот + свечено ги отвараме подароците. Поради ваша што подобра забава, вратата ќе биде заклучена до 4 наутро. Влез низ градината, излез низ кујната – пишува во подкатегорија информации на сајтот.

svadba6

Младенците се уште не сакаат да кажат колку ќе чини свадбата, но секако нема да биде малку. Можеби по завршување на целата церемнија ќе се дознае и цената на ваквото задоволство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top