| четврток, 6 декември 2018 |

Ја силувал бидејќи се борела за женски права: Тажната приказна за хероината која ги бранела жените

Една Колумбијка, која тврдела дека вооружените групи сексуално злоставуваат жени, била киднапирана од милитанти кои ѝ го направиле тоа против кое се борела.

Марија е исцелителка во Центарот за жртви на конфликти во предградието на Богота и лечи луѓе со традиционална медицина. Но, поради судирите со левичарските герилци и војската кои траат половина век, доживеала страшна судбина, па прво останала без домот, а потоа била и силувана.

Таа ја водела групата “АфроМузПаз”, и кампања против регрутирање на деца за војска и сексуално злоставување на жени од страна на паравоени групи.

Регионот Чоко, каде таа живеела, долго бил на мета на наркодилерите и крадците. Таа ја основала една од ретките групи кои се бореле против тие луѓе кои често напаѓале и силувале жени во оваа област.

Меѓутоа, на половината на 2010 година во нејзиниот дом дошол наводен донатор на облека, кој ѝ понудил да тргне со него во комбето бидејќи има „многу за донирање”.

-Влегов во комбето не помислувајќи на ништо, а кога го прашав каде се наоѓаат работите кои сака да ги донира, ми стави пиштол на чело, вели Марија.

Ја одвеле во џунгла и тогаш видела вооружена група на мажи, а еден војник ја извел нејзината 13-годишна ќерка од колибата во близина. Несреќната жена ја тепале пред детето, а вечерта ја врзале за дрво.

-Мислев дека ќе ме убијат, а потоа еден од нив ми кажа дека ќе ме казнат, бидејќи сум зборувала за тоа што не смеам, и ми го покажа половиот орган. Почнав да врискам само да не ја допираат мојата ќерка, вели Марија.

Оваа жена потоа пет дена ја силувале петмина, сè додека не се онесвестила, а се разбудила во болница во Кидбу.

Ќерката која била киднапирана била вратена во семејната куќа без повреди, но со големи психички трауми.

На Марија ѝ била потребна речиси половина година да заздрави и да продолжи со работата во својата група.

Едно утро да ја посети војник од паравоена група за да ѝ каже дека има два дена да се пресели.

Побегнала во Богота, каде ѝ помогнале локалните власти, а подоцна ѝ се приклучиле и нејзините деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top