| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на вода: Такси во Венеција преполови бротче, има повредени

Тројца млади се повредени, од кои двајца сериозно, откако во вторникот бротче такси во Венеција го пресекло бродот во кој тие се возеле на половина.

Бродот бил пресечен на средина во водите на каналот меѓу островите Сан Серволо и Сетоса, јави Ла Република. Патниците на бродот, сите од Венеција, останале во водата.

Едно момче на возраст од 24 години е на интензивна нега во болница, поради нагмечување на градите, додека 21-годишно момче има скршена нога и повреди на главата и се наоѓа во истата болница.

На третото лице, девојка на 19 годишна возраст, и била укажана помош во болницата, но пуштена е дома.

Возачот на такси бротчето е полесно повреден.

Според првичната истрага, бродот патувал без светла и не го ослободил патот од десно за бродот такси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top