| четврток, 6 декември 2018 |

Цртежот кој ги растрепери срцата во светот (Фото)

Сите светски медиуми во четвртокот ја пренесоа тажната фотографија од петгодишното дете од Сирија кое е сè уште во шок откако беше извлечено од урнатините после воздушниот напад на руските бомбардери.

Омран Дакнеш го спаси волонтер на Белите шлемови (White helmets) во Алепо и веднаш беше згрижен во болница. Потресна е глетката на детенце обвиено во сопствената крв, со огромна рана на главата и речиси изгубено од шок.

Capture1

Уметниците, пак, со вознемирувачка фотографија се обидуваат да ја наметнат приказната за Омран како доволна причина моќните светски сили да го запрат крвопролевањето во Сирија.

Capture2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top