| четврток, 6 декември 2018 |

Го остави минатото зад себе – Гога заљубена во 15 години помлад

гога

Фолк-пејачката Гога Секулиќ (39) пред три години го преживеа најтешкиот период во својот живот. Само два месеца по венчавката со Игор Рамовиќ, нему му беше дијагностициран канцер, и, за жал, набргу ја загуби битката со него. Следуваше период на тага, расправии со родителите на сопругот, болка во животот на пејачката. И така беше се’ до неодамна, кога Гога го запозна професионалниот спортист Урош Домановиќ (24) со кого е во среќна љубовна врска.

-По одморот од три недели, сфативме дека сакаме уште, толку многу ни беше убаво – раскажа Гога за магазинот „Стори“.

гога2

-Ова лето се разликуваше од другите по тоа што сум постара, позрела, а можеби и најмирна досега. Кога ќе постигнете личен мир, тоа е вистинско богатство. Не ни знаев што немам додега го почувствував тоа ова лето. А кога човек е смирен, поинаку гледа на убавите работи, но и на проблемите. Ова е едно убаво, зрело лето во мојот живот и се надевам дека таква фаза ми носи животот – вели Гога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top