| четврток, 6 декември 2018 |

Во драматичен финиш Србија славеше над САД за пласман во финалето

Србија ќе игра во финалето на женскиот одбојкарски турнир во Рио, во потрага за првиот златен медал во историјата, откако во драматичен дуел со 3:2 ги совладаа првите фаворити, Американките.

Србинките го загубија првиот сет, но се вратија за 2:1 предност, пред Американките да бидат убедливи во четвртиот сет. Мечот се одлучуше во решавачкиот петти сет во кој Американките имаа предност се до 13-13 кога Србинките успеаја најпрвин на двапати да се одбранат, а потоа од контра напад да реализираат за големо славје и пласман во финалет.Со елиминацијата на САД и претходната елиминација на Бразил, двете фаворизирани репрезентации нема да се борат за златото.

srbija 1

Србинките го чекаа подобриот од финалето меѓу Кина и Холандија за мечот за златниот медал.

Прво полуфинале:

Србија – САД 3:2 (20:25, 25:17, 25:21, 16:25, 15:13)

Противник на Србија во големото финале на Олимписките игри во Рио ќе биде подобриот од мечот Кина – Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top