| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени нови детали: Пучистите планирале да ја напуштат Турција со 3 воени авиони

Учесниците во превратот планирале да ја напуштат Турција користејќи три воени авиони откако сфатиле дека нивниот обид да ја соборат Владата е неуспешен, изјави министерот за одбрана, Фикри Ишик, во четвртокот, пренесува агенцијата „Анадолија“.

– Тие требало да избегаат од авиобазата „Акинджилар“ – истакнал Ишик. Според него, ако аеродромот во Акинджилар не било блокиран по наредба на премиерот Бинали Јилдирим, тогаш сите заговорници денес ќе биле во странство. Министерот ја определи ноќта на 15 јули како најважната ноќ во демократската историја на Турција.

-Онаа ноќ ние потврдивме дека турската демократија достигнала ниво на зрелост – прецизира Ишик.
Тој, исто така, додаде дека досега 3725 војници биле отпуштени, а 137 други, меѓу кои деветмина генерали и адмирали, избегале по обидот за државен удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top