Репрезентацијата на Србија е последниот патник во полуфиналето на кошаркарскиот турнир во Рио. Србите ја победија Хрватска со 86-83 во најнеизвесниот натпревар од четвртфиналето и закажаа полуфинале со репрезентацијата на Австралија.
Првиот дел помина со испитување на силите и изедначена игра, па разликата помеѓу двете екипи беше само еден поен. Хрватите беа тие што први се одвоија и на полувреме заминаа со позитива од +6 (38-32). Третата четвртина беше клучна за победата на Србија, бидејќи ја направи најголемата разлика од 66-52 со тројката на Богдановиќ на 22 секунди до крајот.
Богдан Богдановиќ беше најефикасен на натпреварот во српската репрезентација со 18 поени, а во победата се надовразаа и Радуљица, Јокиќ и Марковиќ, кои постигнаа по 12 поени. Кај Хрватите залудни беа 28 поени на Бојан Богдановиќ. Марио Хезоња одигра солидна партија и се надоврза со 16 поени.
Во останатите четвртфинални дуели, САД ја испрати аргентинските ветерани во репрезентативна пензија со победа од 105-78, Шпанија славеше во европското дерби над Франција со 92-67, додека Австралија го декласираше европскиот вицешампион Литванија со 90-64.
Во полуфиналињата ќе се сретнат Србија – Австралија и САД против Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.