| четврток, 6 декември 2018 |

Бајден му се закани на Косово

bajdenПотпретседателот на САД, Џо Бајден денека во Приштина побара од политичките лидери да го ратификуваат Договорот за демаркација со Црна Гора и да овозможат формирање Заедница на српски општини (ЗСО) во Косово, а во спротивно би ја изгубиле поддршката од Вашингтон.

Бајден на заедничка прес-конгеренција со косовскиот претседател Хашим Тачи истакна дека Договорот за формирање на  ЗСО ќе има позитивно влијание врз целиот регион.

Тој исто така и порача на Приштина да соработува со своите соседи, додавајќи оти Тачи и косовскиот претседател Иса Мустафа позитивно се изјасниле за продолжување на дијалогот со Белград.

– Тоа ќе биде тешко, но неопходно. Со (премиерот Александар) Вучиќ исто така разговарав за тоа прашање, истакна Бајден.

Американскиот потпретседател истакна дека единствен начин Косово да тргне напред е да промовира помирување.

– Ние сакаме да имаме силно мултиетничко Косово, посочи Бајден.

Тој додаде и дека очекува власта во целост да ја спроведе борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Тачи наведе дека дијалогот со Белград набрзо ќе биде на дневен ред, додека Договорот за демаркација со Црна Гора го оцени како фер договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top