Родена на 31 август 1966 година во Скопје
Образование: Актерка
Професија: Пратеник
Невремето престана, водата се повлече, но не ја изми човечката нечистотија. Десетина дена од калта испливуваат човечките поганштини. Овојпат изречени на собраниската говорница, испратени како ножеви во срцата на војниците и полицајците кои борејќи се водата, на раце ги носеа мртвите тела на сограѓаните, а живите ги спасуваа од сигурна смрт.
Софија Куновска. Пратеничка, по професија актерка. Уште еден вешт играч во валканата претстава на својата партија.
Драматично, со треперлив глас, небаре ја зборува вистината и само вистината ги нападна спасувачите, војниците и полицајците напаѓајќи целата државна структура. Целта е секогаш иста – несигурност. Народот да се плаши за сопствениот живот, да не ѝ верува на сопствената држава. А потоа, ќе се појави месија.
„Полицијата и војската беа два дена, исто така, парализирани, сѐ додека не се случи преку телефон, преку медиумите блиски до власта, да добиваат команди од Никола Груевски“, рече Куновска од собраниската говорница.
Полицајците и војниците, оние кои беа на терен, сведочат поинаку, но изгледа нивните сведоштва не се вклопуваат во политиката на собирање политички поени преку страдањето на жртвите од невремето, па Куновска остана глува.
„Ова беше нешто невидено. Имаше неред, водат ги носеше возилата како конзерви.“
„Ги носевме луѓето во раце 150 метри. Како што ни јавуваа и бараа помош, така се упатувавме до точките. Влегуваше вода во дефендерот. Се качивме на покрив, па го влечевме со сајла.“
„Немаше услови за прва помош, ние бевме среде поплавата и брзавме онаму каде што требаше да влечеме лица на безбедно место. Ни пријавија човек под возило, лично јас го подигнав возилото, се работеше за лице до 65 години, го извадивме, брзата помош беше зад нас, лицето беше во бесознание и екипата на Брзата помош констатира смрт.“
Но, Куновска не слуша. Текстот научен, патосот совладан, истата ролја по којзнае кој пат.
„Полицијата и војската затаија. Груевски издава наредби, но во кое својство? Како може тој да дава задачи да се одржи седница на влада. Време е за одговорност и тоа политичка и кривична. Фактурата за секоја бесправна градба, лоповлук, партизираност, исечени дрвја, ја плаќаме со животи. Сета помош да биде јавно достапен документ за да нема сомнежи за злоупотреби.“
На СДСМ му е потребна публика, армија која ќе ракоплеска, ќе врти со главата со негодување и ќе превртува со очите во очајување. Елитата сигурно да се заглиба во калта. А пострашно од ова е тоа што Куновска го потврди ва од говорницата. Нејзината перцепција за присуство на теренот не се чизми и лопати, ами прес-конференции.
„Манипулирате и лажете за Стајковци, затоа што да бевте во Стајковци, ќе видевте дека Петре Шилегов држеше прес-конференција дента со Радмила Шеќеринска“.
Во Стајковци за да бидат видени. Повторно извртување на визитната изречено од удопството на функционерската фотелја. И како што самата вели оваа земја страда од тоа што оние кои се платени да работат, не го прават тоа.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“, во 207 број на неделникот Република, кој е во продажба од 19 август 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им одржа лекција на двојно помладите колешки: Сите гледаа во актерката
-
Сите ја колнат: Српската актерка која беше пронајдена мртва криела страшна тајна!
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Траеше само две минути: Познатата актерка ја призна врската со малолетникот!