| четврток, 6 декември 2018 |

Во Турција ќе се снима филм за обидот за државен удар

Турската филмска компанија „Pana Film“ ќе снима филм за обидот за преврат во земјата.

-Како одговор на барањето на гледачите да се сними филм или серија за обидот за преврат нашата компанија донесе одлука за снимање на филмот „Долината на волците: Државен удар, пишуваат од компанијата.

Франшизата „Долината на волците“во минатото постојано е беше мета на критики и стана причина за дипломатски скандали.

Главниот лик на серијата и со него поврзаните филмови – агент на турските тајни служби, кои се борат со терористички групи. Се очекува дека во новата серија, тој да се соочи со бунтовници.
Во 2010 година серијата стана причина за дипломатски скандал меѓу Турција и Израел. Според властите во Тел Авив серијата е „антиизраелска“.

Претходно стана јасно дека TRT World планира да направи документарен филм за обидот за воен удар во земјата. „Ние ќе продолжиме да го информираме светот за реалностите на превратот и она што се случи во Турција во документарен филм,“- рече уредникот на вестите Фатих Ер.

За време на обидот за воен удар на 16 јули турската компанија TRT беше нападната од воените сили кои упаднаа во телевизиското студио и телевизијата ја емитуваше нивната изјава во живо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top