Албанија останува една од главните земји во производството на наркотици во Европа, се наведува во извештај на италијанската полиција, информира грчкиот весник „Вима“.
Албанските власти, меѓутоа, го отфрлаат ваквото тврење.
Пред извесно време заменик шефот на албанската полиција, Алтон Киато, изјави дека од почетокот на годината биле уништени над 1,2 милиона насади канабис, што, според него, покажува дека веќе има подобра контрола врз територијата на цела земја.
Албанските медиуми секојдневно пишуваат за операции против шверцерите на наркотици и одгледувачите на марихуана, а тоа значи дека не се зголемени површините со насади канабис, туку дека е зголемена решителноста и ефикасноста на полицијата.
Според Киато, албанската полиција ги продолжува своите операции против одгледувачите на канабис, заедно со италијанската полиција, која од воздух ги следи проблематичните реони.
Само вчера во Тепелени, во јужна Албанија, биле уништени 23.000 насади канабис.
Површините со насади годинава нараснале за 25 отсто, напиша пред извесно време италијанскиот весник „Кориере де ла Сера“, повикувајќи се на извештај на италијанската полиција.
Во споменатиот извештај ситуацијата во Албанија се оценува како драматична, бидејќи се наведува дека канабисот се одгледува во 363 реони од земјата.
Според албанските медиуми, италијанските тајни служби Албанија ја сметаат за еден од главните производители на канабис во Европа.
Во извештајот се посочува дека во Европа годишно заработката од наркотици изнесува 24 милијарди евра, а голем дел од овие приходи заминуваат во рацете на албанските криминални групи.
Албанската опозиција повеќе пати тврдеше дека 30 отсто од заработката од наркотици, произведени во земјата, одат на сметките на премиерот Еди Рама, кој, според обвиненијата на заменик претседателот на Демократската партија, Еди Палока, парите ќе ги искористи за да ги купи следните избори во 2016 година, пишува весникот „Вима“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст