Марта Савиќ од неодамна може да се пофали дека е сопственичка на јахта која го носи нејзиното име. И тоа благодарение на сопругот Миле Китиќ, кој ја израдува со подарок вреден 350.000 евра.
Пејачот во последните три месеци бил во потрага по пловило, кое на крај го купил во Хрватска. Пејачот бил подготвен да плати колку било за јахта, бидејќи на жена си и ветил дека еден ден и таа ќе има свој брод.
-Миле и Марта сакаат да пловат. Тие досега изнајмуваа јахта, па Миле и вети на жена си дека веќе нема да рентаат, туку ќе имаат сопствена јахта – вели извор близок на естрадниот пар и додава:Освен што пловилото го стави на нејзино име и го нарече по неа. Инаку не се ценкаше со продавачот, бидејќи цената не му беше проблем. А и зошто би била, кога тие пари ги заработува за неколку месеци. Познато е дека хонорарот на Миле иде и до 15.000 евра, а неговите настапи се распродадени една година порано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.