| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо со свеченост, војската го слави Денот на армијата со максимална ангажираност на терен

Наместо со свеченост, војската го прославува Денот на АРМ со максимална ангажираност и пожртвуваност на терен, помагајќи во поплавените подрачја и обезбедувајќи ја јужната граница.

Од ГШ на АРМ соопштуваат дека стотици нејзини припадници, 24тиот роденден на АРМ ќе го одбележат  обезбедувајќи ја  јужната државна граница, но и неуморно ангажирајќи се во справување со последиците предизвикани од поплавата во скопскиот регион.

На довербата се возвраќа со пожртвуваност. Армијата на Република Македонија, благодарејќи на несебичниот и професионален ангажман на своите припадници кои со љубов кон татковината, лојалност, одговорност и посветеност ги извршуваат поставените задачи, ја докажува својата цврстина во моментите кога тоа е најпотребно и кога тоа се бара од неа, се вели во соопштението.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top