Исламската верска заедница во Република Македонија апелира жителите во поплавените подрачја да ја интензивираат соработката и да ги усогласат своите активности со сите релевантни државни структури, но и со невладините организации кои делуваат на тоа подрачје.
Од ИВЗ преку соопштение апелираат жителите на поплавените подрачја да соработуваат и со единиците на Армијата на РМ, како и со државните служби и да се приклучат во заедничките акции за чистење и дезинфектирање на се што е погодено од катастрофалните поплави.
– Потребно е да се издигнеме над евентуалните несогласувања и да мислиме на иднината на нашите деца. Тоа е најважната работа во моментот, истакнуваат од ИВЗ и посочуваат дека ќе бидат со жителите на поплавените подрачја се до целосното нормализирање на состојбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


