| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка со векови пред светот – ја забранува продажбата на бензин и дизел

За да се намали загадувањето на околината од издувните гасови на автомобилите Норвешка планира да ја забрани продажбата на бензин и дизел гориво од 2025 година, објави на Твитер извршниот директор на Тесла, Елон Муск, а како поткрепа ја објави и насловната страница на веснкот Дагенс наерингслив, во кој е објавена информацијата дека четирите политички партии се согласиле да ја сопрат продажбата на бензин и дизел за возилата до 2025 година.

За ова веќе извесно време се дискутира во оваа сканднавска земја. Не станува збор за конечна одлука зашто две од четирите партии сѐ уште не се согласиле за оваа одлука. Оваа деветгодишна рамка за можната забрана доаѓа од земјата која важи за еден од најголемите извозници на гас и оваа иницијатива може лесно да влезе во законодавството.

Дури и да не се донесе одлука, преминот на други алтернативни извори нема да биде драматичен, бидејќи во овој момент 24 отсто до возилата во земјата се електрични. Од друга страна, плановите на Норвешка во однос на транспортот откриваат амбициозни предлози за забрана за користење на приватните возила во центарот на Осло од 2019 година за да се направи градот подобар за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top