| четврток, 6 декември 2018 |

Науката потврди: Вежбањето го намалува апетитот

Англиските истражувачи спровеле нова студија во која откриле дека вежбањето е корисно доколку сакате да го намалите консумирањето калории, бидејќи по напорниот тренинг, апетитот слабее.

Во оваа еднодневна студија учествувале 22 жени и 10 мажи, поделени во две групи. Првата група имала посебен режим на исхрана, кој траел девет часа, додека втората група јадела како и вообичаено, но испитаниците трчале со умерено темпо на подвижна лента, 90 минути. Пред двете групи била поставена шведска маса и секој можел да јаде што сака и колку што сака, а научниците ги броеле калориите. Првата група во просек изела 944 калории, додека вежбачите само 660 калории, во просек.

Имено, хормонот на гладот грелин се произведува во клетките во стомакот. Кога вежбаме, циркулацијата е зголемена во другите делови на телото, но во стомакот е слаба, па затоа овој хормон се лачи во помала мера. Интересно што овој ефект на намален хормон на гладот го даваат само интензивни вежби и трчање. Прошетката или умерените вежби го немаат тој ефект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top