Македонскиот шампион МЗТ Скопје денес го одржа првиот официјален тренинг во пресрет на новата сезона. Клубот од Аеродром, покрај тоа што ќе ја брани двојната круна во домашното првенство ќе настапува и на два меѓународни фронта. За учеството во регионалната АБА лига како и Еврокупот раководството на актуелниот првак на Македонија направи драстичен ремонт на ростерот, почнувајќи од стручниот штаб, па се до играчкиот кадар.
Урош Лучиќ е едно од засилувањата на „сино-белиот“ табор. Повратникот во дресот на МЗТ Скопје му беше на располагање на тренерот Емил Рајковиќ уште на првиот официјален тренинг на која истакна дека е возбуден за почетокот на новата сезона.
– Минав две преубави години во МЗТ Скопје и не размислував премногу кога летово добив понуда од мојот поранешен клуб. Играњето во Еврокупот секако дава посебен шмек на целата приказна и беше само дополнителна причина за да се вратам во Македонија. Згора на тоа, ако сè биде како што треба, ќе играм против својот брат Владимир (член на Баерн Минхен) што секогаш ми е посебен предизвик. Свесни сме сите дека нè очекува напорна сезона, тимот е речиси целосно променет со само неколку играчи од минатиот шампионат и со нов тренер, што значи дека ќе треба добро да се подготвиме, да дадеме сè од себе за да дојдеме до посакуваните резултати – истакна поранешниот капитен на „штрковите“ за официјалната клупска веб страница.
Лучиќ беше две години дел од македонскиот шампион каде се закити со две титули од домашното првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент