Ивана Чолаковска (27) од Скопје, заедно со Шпанецот Мануел Торес од Севиља, по 10 години патување на различни начини, со мотор од септември ќе тргнат на пат околу светот, јави „А1он“. Таа со Торес веќе три години со моторот поминале низ доста предели во светот.

Од Севиља сега стигнаа до Скопје, а за патувањето кое почнува во септември велат дека ке патуваат што е можно подолго за да може да посетат повеќе места и да запознаат секакви луѓе.
Стартот на овој подвиг ќе почне од Македонија, преку Грција а потоа следуваат Турција Иран, Пакистан, Индија, Непал и цела Југо-источна Азија. Потоа ќе патуваат до Австралија од каде треба да стигнат до Јужна, Централна и Северна Америка. Откако ќе го минат овој дел од светот, се враќаат во Европа и од Шпанија ќе го започнат патувањето во најтешкиот дел, во Африка.
Таа со Мануел Торес почнале да патуваат уште пред три години со мотор, а за време на летните денови работат за да можат финасиски да продолжат со патувањата.
До сега со мотор ја имаат поминато цела Индија во 2011 година, од северниот дел од Ришикеш до јужниот дел Гоа каде поминале околу 5500 км.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


