После четири децении одвоен живот, двајца одамна изгубени пријатели конечно се пронајдоа, но сега се нешто повеќе
од пријатели. Тие станаа маж и жена.
Жоао Крисостомо и Вилма Крачун се запознале во 1971 година во Лондон, пишува Њујорт тајмс. Крисостомо и неговата тогашна вереница премногу брзо се спријателиле со Вилма која од неодамна се преселила во Лондон од Југославија.
Жоао се оженил и се преселил во Њујорк. Но кога и да и напишел писмо на Вилма, тоа му било вратено. Следните 40
години ја барал, прашувајќи ги пријателите, дури и странци, дали можеби знаат каде заминала.
Бракот го окончал во 1997 година, но тој и понатаму продолжил да ја бара Вилма.
Конечно на Денот на заљубените во 2011 година, роднина на неговата поранешна жена го побарала и му кажала дека ја
пронашла Вилма на друштвената мрежа Фејсбук.
Се вели дека Вилма од 1979 година живее во Париз и дека сега е вдовица. Жоао веднаш тргнал за Париз, за да ја сретне.
– Кога ме прегрна мислам дека срцето ми се симна во петици. Можеби еден со друг се гледавме со очите на младоста, но
почувствував нешто што не се опишува, изјави Вилма.
По тој ден Жоао ја запросил и ја поканил да дојде со него во САД. Таа го изговорила судбоносното „Да“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




