| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивни сеќавања на спасувачите: Нуркачките одела ги облекувавме трчајќи, пресудни беа секунди

spasuvach

-Оној момент кога беше алармиран нуркачкиот тим, бевме повикани од дома, но не очекувавме да наидеме на таква водена стихија. Ова беше нешто невидено. Побрзавме и ја облековме нуркачката опрема, зашто бевме известени дека има возила кои се потопени до кровот со вода. Имаше неред, а дел од возилата беа однесени од водата како конзерви, во емотивно сведоштво раскажува еден од спасувачите кои ноќта на шести август тргнал со својот тим кон Обиколницата да спасува човечки животи.

Во изјава за документарниот филм на ТВ Нова „Сведоштва“, тој се сеќава дека имало многу луѓе кои се обидувале да се спасат, а тие со тешко оклопно возило евакуирале неколку лица, при што на една жена и пружиле и брза помош.

-Во делот после Смилково едно возило беше потонато целосно под вода, за тоа време водостојот постепено паѓаше и не можеше да пристапи никој освен лица со соодветна опрема. Откако пристапивме, утврдивме дека возилото е празно, а пред него лежеше еден труп за којшто мислевме дека му припаѓа на  визлото. Потоа се покажа дека трупот исплутал до тука од селото Смилково. Продолживме до пет часот со ангажман. Ова беше еден вид бран кој буквално ги повлекол луѓето. Ги проверивме сите возила и многу беше тешко да се процени од каде се тие со оглед на тоа што пред нас стоеа возила разнесени на 5 километри од ударот. Колку можевме, спасивме, вели херојот од поплавите.

Тој додава дека клучен момент била брзата реакција и тие ги облекувале нуркачките опреми по пат – во прашање биле секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top