Делови од Москва се под вода по најголемите дождови во последните неколку децении кои ја зафатија руската престолнина. Евакуирани се повеќе стотини луѓе.
Дождот почнал да паѓа синоќа и без престан паѓа во текот на денешниот ден, пренесува РТ.
досега вкупно паднале 80 мм доѓд на метар кубен, што е еднакво на количество кое обично паѓа во текот на еден месец, со што е надминат рекордот од 1970 година. Во некои делови на Москва забележани се најобилните дождови откако се води евиденција.
До попладнево во московската Урава за поплави упатени се повеќе од 350 повици со кои се пријавува поплава. На социјалните мрежи постојано се објавуваат видеа и фотографии на кои се гледа како московјаните се обидуваат да се пробијат низ водата и да се спасат од дождот.
Општинските служби на терен испратиле 500 возила за спасување, но и тие се заглавени во поплавата. За среќа, досега нема жртви.
Реката Јауза, притока на реката Москва, го проби насипот на неколку места, Во Москва е на сила портокалов метео аларм. Метеоролозите очекуваат додовите да не запрат до утре попладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.