Главниот град на Јапонија, Токио е град со најмногу милионери, покажа истражување на една лондонска независна компанија. Студијата покажува дека во Токио е прв на листата на градови со најмногу жители чиј имот, не сметајќи ја вредноста на куќата во која живеат, ја надминува сумата од милион долари.

Според таа студија, во Токио живеат 462 илјади милионери. Потоа следат Њујорк со 389 илјади милионери, па Лондон (281 илјади), Париз (219.000), Франкфурт (217.000), Пекинг (213.000), Осака (199.000), Хонг Конг (187.000), Шангај (166.000) и Сингапур (157.000).
Се поставува прашањето зошто во Токио живеат најмногу милионери, а одговорот лежи во податокот дека во САД богаташите се раштркани во повеќе градови, а јапонската популација е концентрирана во главниот град. Повеќе од пет јапонски милионери живеат во Токио, а во Њујорк живеат само седум отсто од сите американски милионери.
Во иднина, Кина би можела да има 3,3 милиони милионери, а во Јапонија таа бројка би изнесувала околу 2,2 милиони. На врвот ќе остане САД кои би имале 7,7 милиони милионери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


