| четврток, 6 декември 2018 |

Штипскиот универзитет прими над 1.000 пријави за уписи

Почнаа уписите на 13. факултети и трите академии на универзитетот „Гоце Делчев“­Штип. Проректорот за инвестиции и развој на УГД ­Штип, Кирил Барбареев истакна дека над 1.000 кандидати се пријавени само во рамките на првиот ден.
­
Имајќи предвид дека уписите ќе се одвиваат цела недела во овие први три до четири часа
бројките се охрабрувачки за Универзитетот „Гоце Делчев“. Некаде околу 600 пријавени

кандидати имаме само со физички пријави и околу 400 на електронската платформа. Тоа значи дека во првите три до четири часа имаме околу 1.000 кандидати, изјави Барбареев. Тој додаде дека најголем интерес од страна на идните студенти има за Факултетот за медицински науки, а потоа следат студиските програми на Природно­технчиките факултети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top