Во текот на викендов, до Основното јавно обвинителство – Куманово беше поднесена кривична пријава од страна на Полициската станица – Крива Паланка против седумдесет и две годишен жител на с. Луке. По проучување на списите, надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело – Убиство во обид.
Имено, на 12.8.2016 година во утринските часови, во атарот на с. Луке, осомничениот со умисла се обидел да ја лиши од живот својата сосетка со која имал влошени односи околу доведувањето на вода во куќата на сега оштетената, преку неговиот имот. Откако дознал дека семејството на оштетената поставило црево вкопано во земја од неговата нива со кое доведува вода од извор, со секира го откопал истото и го исекол на повеќе места. По кратка расправија со оштетената, осомничениот замавнал со секирата при што и нанел тешка телесна повреда во пределот на главата.
Надлежен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд – Куманово, против осомничениот достави Предлог за определување на мерка – Притвор кој беше прифатен и на осомничениот со решение му е определен Притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре