| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една будалаштина од Северна Кореја – Наредба од горе: „Собирајте измет!“

57adbf429c6fc_Kim1

Пропагандата против Северна Кореја нема граници. Земјата и нејзиниот лидер се на удар на сите светски западни медиуми, а некои одат дотаму што со најбизарни случаи се обидуваат да ја оцрнат оваа затворена комунистичка земја. Последен е случајот во кој една девојка, Јеоними Парк, која пребегнала од Северна Кореја во 2007 година, сведочи дека во нејзината татковина луѓето се принудени да собираат измет и да го предаваат во фарми.

Народот во Северна Кореја доби уште една бизарна наредба од горе – да собира измет за да му помогне на земјоделството на земјата со ова спапоцено ѓубриво, пренесува британски „Мирор“.

Луѓето што успеале да пребегаат од Северна Кореја сведочат дека Ким Џонг-Ун наредил сите да донираат измет кој потоа се носи на фармите во земјата за да бидат поплодни посевите.

До 2010 година Северна Кореја увезувала ѓубриво од Јужна Кореја, но ембаргото воведено таа година го сопрело увозот и земјата морала да се ориентира кон други извори на ѓубриво, тврди таблоидот.

610986

– Владата смисли начин како да го реши проблемот. Наместо вештачко ѓубриво, користи животински и човечки измет, а на семејствата им нареди да го собираат и да го испраќаат на фармите. Сите имаа норма која мораат да ја исполнат. Можете да си замислите на што личеше тоа. Секој член на семејство имаше дневна норма, па наутро беше војна во тоалетот. Моите тетки најмногу се трудеа – раскажува Јеоними Парк, која пребегнала од Северна Кореја во 2007 година.

Изметот дури се претворил во вносен бизнис, се продавал и по продавници, а го купувале оние кои не можеле да ја исполнат нормата. Се случувале и кражби, сведочи девојката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top