| четврток, 6 декември 2018 |

Пукотници и напад со нож во Келн

Голема полициска акција е во тек откако се случи напад во Келн, каде што најмалку едно лице е повредено, пренесуваат локалните медиуми повикувајќи се на извори од полицијата. Инцидентот се случил на улицата Фландрише.

Еден напаѓач веќе е уапсен, а двајца се во бегство, пренесува новинската агенција „Раша тудеј“.

Сведоци раскажувале дека најмалку три лица, меѓу кои била и жртвата, имале жестока меѓусебна расправија, а потоа почнал нападот со ножеви.

Жртвата, како што раскажале сведоците, почнала да трча кон својот автомобил „мерцедес“ во обид да побегне, по што напаѓачите почнале да пукаат со огнено оружје. За среќа, куршумите го погодиле само автомобилот и немало други повредени, тврдат сведоците.

Од полицијата соопштиле дека автомобилот бил доста оштетен од куршумите. Двајца од напаѓачите сѐ уште биле во бегство, додека, пак, еден од нив бил уапсен на патот кон Хабсбургеринг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top