Министерството за труд и социјална политика ги задолжи сите органи на државна управа, а им препорача на другите државни институции и на единиците на локална самоуправа, да ги ослободат од работа до петок вработените во поплавените подрачја, односно оние што живеаат во Стајковци и во Синѓелиќ.
Исто така, им се препорачува и на приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја, односно во населените места Стајковци и Синѓелиќ, се вели во соопштението од МТСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.