| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН Македонија на сопствен трошок ја санира мрежата во поплавените подрачја

 

????????????????????????????????????

Замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил за оваа услуга, соопштуваат од ЕВН Македонија и истовремено категорично ги демантираме сите невистини што се јавија на социјалните мрежи во кои се тврди спротивното.

Екипите на ЕВН Македонија, како што пишува во соопштението, со сите расположливи капацитети работат на терен за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди електрична енергија до сите корисници.

  • ЕВН Македонија не само што не ги наплатува новите броила, туку во интерес на безбедно и навремено снабдување со електрична енергија нашите екипи ја санираат и внатрешната инсталација на корисниците, повторно без никаков надомест. Споделувањето на непроверени информации заради лични интереси и лично промовирање во услови на елементарна непогода, не му помага никому. Сега е време во кое треба сите да работат на санирање на штетите од невремето. Екипите на ЕВН Македонија од почетокот на кризата се во поплавените подрачја и постојано работат на отстранување  на дефектите и пуштање под наопон на што поголем број корисници. Досега се вклучени над 13.000 корисници, односно над 95% од вкупниот број на корисници во критичниот регион и интензивно се работи да се приклучат сите. Без напојување во моментов се неколку стотици корисници кои се напојуваат од трафостаници кои се под вода и корсниците кои не сакаат да бидат приклучени поради уништената внатрешна инсталација. Екипите остануваат на терен сè додека не се нормализира во целост снабдувањето со електрична енергија, велат од ЕВН Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top