| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пат прозборе за ова: Што вели Цеца за тврдењата дека Аркан е жив

arkan-ceca

Како што пишуваат српските медиуми овие денови, најстариот син Жељко Ражнатовиќ – Аркан, тврди дека неговиот татко е жив, дека го променил својот личен опис и дека живее на Кипар, додека Цеца Ражнатовиќ кон него се однесува како со парче гардероба. 

Светлана Ражнатовиќ до сега не се огласуваше за дезинформациите за Аркан и за „животот после животот“ на Кипар, а по долго време имаше што да каже на прашања на новинарите и за текстовите на порталите кои тврдат дека Аркан е жив.

– Тоа би било коментирање на глупости! Многу би сакала тоа да е вистина. Никој немаше да биде посреќен од моите деца, но да не губиме време на празни приказни, изјави Цеца за српски Блиц.

– Никој немаше да ме допре Жељко да беше жив. Го знаат тие тоа. Ќе бевме големо среќно семејство…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top