| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници малтретирале детенце од Кисела Вода за 30 денари

policija-8

Во полицијата во Кисела Вода, Б.И. вчера се јавил и пријавил дека во временскиот период од 08 – 10.08.2016 година во времето од 18,00 до 20,00 часот на улицата „Фредрик Шопен“, три малолетни лица кои ги познавал, извршиле разбојништво над неговиот 13 годишен син и притоа му одзеле 30 денари.

Имено, додека неговиот син бил во друштво со уште тројца другари биле пресретнати од малолетниците и истите почнале да му упатуваат сериозни закани дека физички ќе го нападнат него и неговите другари по што му ги одзеле парите и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно  расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top