| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа во Стајковци: Жена итно испратена на Токсикологија, откако наместо сок испила средство за чистење

toksikologija

Скопско Стајковци е меѓу најпогодените населени места во минатонаделните поплави кога загинаа 22 лица, а таму за малку била избегната уште една трагедија. 36-годишната Рада Стојановска (36) испилала средство за чистење претурено во шише од сок, пишува српски Телеграф. Жената со силни болки во стомакот е итно префрлена на Клиника за токсикологија, а случајот го пријавиле во полиција.

Сопругот на Рада од донациите зел кеса со леб и „сок“ и ја однел дома. Кога по напорната работа и чистењето на поплавената куќа, жедната жена го зела шишето и почнала да пие од „сокот“, почуствувала печење на јазикот и силни болки во стомакот.

Ова е отров, извикнала, а кога и самата ја помирисала течноста во шишето почувствувала остар мирис на средство за чистење.

– Веднаш повикавме Итна помош и веднаш беше пренесена во болница, на Токсикологија, раскажува нејзината свекрва Злата Стојановска и додава дека вистинска среќа е што нејзините малолетни деца не се напиле од средството.

Случајот е пријавен во полиција, а дежурниот командир забележал дека на шишето со ситни букви е напишано „средство за чистење„.

На Токсикологија велат дека состојбата на Рада Стојановска е стабилно, но таа е задржана во болница заради дополнителни испитувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top