| четврток, 6 декември 2018 |

САД се бори со поплавите: Водата носи се пред себе, најмалку три лица загинаа (Фото)

sad poplavi1

Сцените со потопени автомобили, куќи, смрзнати и мокри луѓе, домашни миленичиња во кутии за спасување, се само дел од оние што може да се видат во неколку американски градови, погодени од поплави. Но не е се завршено. Најмалку три лица загинаа, а уште двајца се повредени во поплавите во американските сојузни држави Мисисипи и Луизијана, поради што се евакуирани 1.000 граѓани.

Поради дождот кој паѓа веќе два дена гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс прогласи вонредна состојба, по што се затворени училиштата, државните институции и многу патишта, пренесува Ројтерс.

sad poplavi 2

Во близина на градот Бејкер во Лизијана е пронајдено тело на 68-годишен маж, кој се удавил додека се обидувал да се евакуира од својот дом, изјави судскиот истражител Вилијам Кларк.

03

05

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top