Пресоблекувањето во кабина често знае да го успори купувањето, па една жена решила да проба долна облека на сред продавница „Примарк“ во Лондон.
Оние што биле присутни тврдат дека жената потполно се соблекла од струкот надолу и пробала четири пара гаќички. Очигледно нешто не и било по волја, па ги вратила на полица и излегла од продавницата.
Некои луѓе изјавиле дека не се изненадении од таквата постапка, бидејќи често се случувало жени да се соблекуваат по градник на сред продавница за да пробаат маица во продавница, поради долгите редови во кабините.
Од продавницата рекле дека ги отстраниле сите производи кои се компромитирни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.